Илиќ: Среќни сме за пласманот на Европското првенство!

673
Фото: РФМ

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од Европското првенство кое од 3-ти до 20-ти декември ќе се одржи во Полска, Чешка, Романија, Словачка и Турција.

Нашите ракометарки на контиенталното натпреварување одат како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации во квалификациите за континенталното натпреварување.

На последната средба против Словенија во нашиот состав беше најдобра Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани. Македонија беше поразена во Велење, а репрезентативната голманка потенцира дека играта не е вистинската слика и дека на Европското првенство ќе се подготват максимално и ќе се покажат во многу подобро светло.

ПретходноРакометниот Јамал оди во Барселона!
СледноДон Флорентино: “Реал Мадрид никогаш не се откажува!“