Маркос Фис е ракометно име кое допрва треба да блеска на сцената. На 19-годишниот десен бек на Гранољерс му предвидуваат голема кариера, многумина го споредуваат со младиот фудбалер на Барселона и репрезентативец на Шпанија Ламине Јамал.
А сега имаат и причина повеќе. Според неофицијални извори Барселона му понудила тригодишен договор на Фис, и најверојатно во летото 2027 година ќе го гледаме токму таму. Па сега и двете ѕвезди не само што ги спојува шпанската репрезентација, тие ќе настапуваат за ист клуб, секако во различен спорт.
View this post on Instagram










