Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација

57

Тешки моменти за тимот на Тотенхем, кој што сезонава мака мачи да обезбеди опстанок, а како стојат работите можно е и да не се случи тоа.

Предмалку во најновото коло од Премиер лигата Тотенхем загуби од Сандерленд на гости со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч на Мукиеле во 61. минута.

 

Кристал Палас пак со гол во последните секунди од мечот успеа да слави на домашен терен со 2:1. Осула погоди за Њукасл, а пресвртот го најави Матета со израмнувањето на 1:1. Истиот играч со реализиран пенал во четвртата минута од продолжението донесе три бода за домашниот тим.

Тимот на Нотингем Форест на свој терен, одигра 1:1 против Астон Вила. Муриљо си постигна автогол во 23. минута, но Неко Вилијамс израмни во 38. минута.

 

ПретходноВареловски: Поразот од Силекс најмногу болеше зошто се случи во Кавадарци
СледноЕлмас и Наполи извлекоа реми кај Парма