Јакимовски одличен, ама Тренто со пораз кај Тортона!

112
ФОТО: Aquila Basket Trento/FB

Бадијала одличната игра на нашиот Андреј Јакимовски кога неговиот Тренто беше убедливо поразен на гостувањето кај Тортона со 103:84. Ова беше меч од 26.коло во елитната кошаркарска лига на Италија Лега А.

Македонскиот репрезентативен бек кој има фантастична сезона, во игра беше 22.минути и успеа да постигне 14 поени и да запише три скока. Сепак и овој негов учинок не беше доволен за да се дојде до подобар резултат на Тренто на ова ова гостување.

По 26.коло тимот на Андреј Јакимовски на деветтата позиција на табелата.

Да потсетиме дека, по одличните настапи сезонава, Андреј Јакимовски би можел да направи голем трансфер и тоа во Валенсија, во еден од најдобрите клубови во Евролигата.

ПретходноРакометарките со порака од Велење: Се гледаме на Европско!!!
СледноБлескаво издание на Андреа Илиќ во Велење!