Барди е асистент во победата на Коњаспор

44

Со конечни 3:0, тимот на Коњаспор на чело со нашиот репрезентативен капитен, Енис Барди денеска на домашен терен обезбеди победа над тимот на Караѓумрук.

Барди асистираше во 21. минута за водство од 1:0, а стрелец беше Крамер.

За многу бргу, домаќинот создаде и двојна предност, а во судиското продолжение од мечот Гонсалвеш го постави конечниот резултат.

Коња со оваа победа е осма со 34. бодови. Енис Барди пак досега сезонава во шампионатот на Турција има пет голови и три асистенции.

 

ПретходноМиовски е двоен стрелец во голеадата со триумф на Ренџерс (ВИДЕО)
СледноАлаѓозовски: Немаме право на кикс до крајот на шампионатот