Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од Европското првенство кое од 3-ти до 20-ти декември ќе се одржи во Полска, Чешка, Романија, Словачка и Турција.
Нашите ракометарки на контиенталното натпреварување одат како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации во квалификациите за континенталното натпреварување.
На последната средба против Словенија во нашиот состав беше најдобра Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани. Македонија беше поразена во Велење, а репрезентативната голманка потенцира дека играта не е вистинската слика и дека на Европското првенство ќе се подготват максимално и ќе се покажат во многу подобро светло.
„Пред се честитки до моите девојки и стручниот штаб за пласманот на Европско првенство. Радосни сме за пласманот, но сметам дека денешниот натпревар не е нашата вистинска слика. Имаме доста време за да се подготвиме за Европското првенство и верувам дека таму ќе покажеме што знаеме и колку можеме“, ни изјави Илиќ.










