Ненад Димитријевиќ и Баерн Минхен, во меч од 29.коло во елитната германска лига, денеска славеа против Кемниц со 91:77.
Ова беше 21 победа во досегашниот дел од сезоната. Да кажеме дека ова беше и своевидно “македонско дерби“ ако се знае како прв асистент во тимот на гостите беше и Ѓорѓи Кочов, кој сега е и асистент во стручниот штаб на нашата А-репрезентација под водство на Жозеп Мариа Берокал.
За разлика од мечевите во Евролигата, денеска Нено немаше преголема минутажа, а немаше ни потреба. На терен беше 17 минути и во тој период постигна десет поени, а имаше и три скока и четири асистенции.










