Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

173

Шведскиот репрезентативец Јим Готфридсон повеќе не е член на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. Откако од таборот на Пик Сегед без објаснување само известија дека договорот е раскинат, во јавноста се огласи Швеѓанецот, кој тврди дека одлуката е еднострана.

„Потврдувам дека Пик Сегед еднострано го раскина мојот тригодишен договор. Тоа го направи без образложение, со што сериозно ги прекрши сите пишани и непишани правила на спортот.

Мојата цел беше тука да ја завршам криерата…

Моето разочарување не може да се опише со зборови. Не можев да замислам дека еден клуб со ваков углед ќе ги жртвува сите правила на спортските закони и етика…“, се вели во дел од соопштението на Готфридсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jim Gottfridsson (@gotte24)

ПретходноАлегри по тешкиот пораз од Милан: Фудбалот е убав, но може да биде и грд
СледноНајважниот меч за македонските ракометарки за пласман на ЕП