Со конечни 3:0, тимот на Коњаспор на чело со нашиот репрезентативен капитен, Енис Барди денеска на домашен терен обезбеди победа над тимот на Караѓумрук.
Барди асистираше во 21. минута за водство од 1:0, а стрелец беше Крамер.
За многу бргу, домаќинот создаде и двојна предност, а во судиското продолжение од мечот Гонсалвеш го постави конечниот резултат.
Коња со оваа победа е осма со 34. бодови. Енис Барди пак досега сезонава во шампионатот на Турција има пет голови и три асистенции.










