Вареловски: Поразот од Силекс најмногу болеше зошто се случи во Кавадарци

114

Тимот на Тиквеш има и повеќе од добра резултатска и играчка полусезона. Кавадарчани од сериозни претенденти за релегација, со неколку врзани победи по ред, влегоа во средината на табелата. Со новиот стратег Борче Христов тимот резултатски се стабилизира, но пред неколку дена покажа дека сеуште не е имун на слаби игри.

Во претходното коло на свој терен во Кавадарци, Тиквеш не само што загуби тоа го стори на многу лош начин. Со три примени гола, и изведба која што е тотално за заборав.

„Старо фудбалско непишано правило е дека по серија добри резултати и игри, следува опуштање. Сепак, овој период од шампионатот, не е погоден за тоа. На сите им птребаат бодови, и веднаш казнуваат грешки. Тоа ни се случи нам. Можеби и немаше да боли толку овој висок пораз, ако не се случеше на домашен терен. Сепак, Кавадарци знае, разбира фудбал, и не е лесно кога ќе се случи вакво нешто. Добро е да се случи и отрезнување од ваков вид, но единствен момент е што се случи на наш терен. Сепак, не е страшно, веќе одиме на следниот меч да се вратиме на добрите резултати“ – изјави капитенот на Тиквеш за Спортспорт, Александар Вареловски.

ПретходноАлаѓозовски: Немаме право на кикс до крајот на шампионатот
СледноСандерленд го турка Тотенхем кон релегација