Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

18
ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/

Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу блиску до Лигата на шампионите, бидејќи имаат дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место.
Виљареал прв се закани преку Гај со одличен удар од околу 20 метри, а од другата страна забележуваме и одличен шут на Берчиче во 22-та минута, кој го сопре голманот на гостите.
Во 26-та минута, дојде голот за водство на гостите. Одлична контра Виљареал, Олувасеџи ја испрати топката до Кардона, кој со фантастичен лоб удар донесе 0:1.
Неколку шанси за двата тима пред полувремето, но повторно гостите беа тие што го најдоа патот до мрежата. Овој пат, голема грешка на Лекуе, му ја даде топката на Гонзалез, кој постигна гол за 0:2.
Уште неколку шанси за гостите, потоа Гурузета им дава надеж на домашните дека барем можат да освојат бод, одлична акција на левата страна, Берчиче го наоѓа Гурузета кој погодува во 84.минута за конечни 1:2.

ПретходноИако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо!