Италија ја тресе нов скандал: Се давале пари за повици во репрезентацијата?!

195
Фото: https://www.figc.it/

И дефинитивно хаос владее во фудбалска Италија. Поразот на Италија од БиХ во плејофот за Светското првенство предизвика вистинска бура во тамошната јавност. Третиот последователен неуспех во квалификациите за Светското првенство дополнително го потресе системот, кој со години се сметаше за еден од најорганизираните во Европа.
По испаѓањето, во јавноста почнаа да излегуваат сè повеќе информации. Одредени тврдења фрлаат сериозна сенка врз начинот на кој функционира националниот тим.
Особено се издвои изјавата на Аурелио Де Лаурентис, сопственикот и претседател на ССЦ Наполи. Тој отворено го критикуваше системот за избор на играчи. Според него, има случаи во кои поканите за националниот тим не се базираат само на спортски критериуми.
Како што известува Николо Скира, Де Лаурентис упати сериозни обвинувања во интервју за американскиот Си-Би-Ес.
„Во Италија, играчите се поканети во националниот тим со пари под масата од агенти. Тоа е непрофесионално, но се случува“, рече првиот човек на Наполи. Оваа изјава предизвика огромен одѕив во јавноста.
Ова се тврдења што директно укажуваат на можна корупција во врвот на италијанскиот фудбал.

ПретходноБлескаво издание на Андреа Илиќ во Велење!
Следно“Кралевите“ тренираат без Мбапе пред реваншот во Минхен!