Денеска Бојан Миовски на голема врата се врати сезинава. На гостувањето кај Факлирк во победата од 3:6, нашиот репрезентативец постигна два гола и тоа во улога како резерва која доби шанса во второто полувреме.
Во таборот на Ренџерс, Миовски дефинитивно е прогласен за херој на денешниот меч, особено што на полувреме Фалкирк водеше со 2:1.
По мечот нашиот интернационалец секако беше во центарот на вниманието.
„Како напаѓач дожност имаш да постигнуваш голови, а јас секогаш сум подготвен за такво нешто. Да му помогнем на тимот да дојде до посакуваната цел. Среќен сум, затоа што сега имам три постигнати гола на три меча, и тоа ми ја подига замодовербата“ – изјави Бојан Миовски по денешниот меч.










