Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, и неговиот стручен штаб се уверени дека тимот е способен да го победи Баерн во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и да се пласира во следната рунда од турнирот.
„Сè ќе зависи од играчите“, изјавил Арбелоа.
Реал Мадрид го загуби првиот натпревар со 2-1 на домашен терен. Реваншот е на програмата вос реда.
Мадридскиот клуб знае дека потенцијалното испаѓање од Баерн би значело две последователни сезони без голема титула. Ова би можело да доведе до важни одлуки на различни нивоа во клубот. Исто така, се забележува дека Реал Мадрид го прифатил фактот дека титулата во Ла Лига е изгубена.










