По два натпревари без победа, екипата на Тиквеш славеше голема победа од 2:1 а гостувањето кај Струга во денешниот натпревар од 27. коло во ПМФЛ. Иако домашните први поведоа со автоголот на Тасев, кавадарчани брзо се вратија за израмнување преку Рамадани, додека на почетокот на вториот дел со голот на Сила, Тиквеш направи и целосен пресврт.
Голема сенка на мечот остави тешката повреда на домашниот фудбалер Папе Фал, кој со возилото на амбулантната помош беше прерлен во болница.
Во вториот натпревар во Тетово, без никакви изненадувања. Шкендија славеше убедлива победа над „фенерџијата“ Шкупи од 6:0. Мелиќи постигна два гола, а еден и Бесарт Ибраими за 3:0 уште во првото полувреме.
Во вториот дел тетовци погодија уште трипати. Бесарт Ибраими со својот втор гол во 66. минута зголеми на 4:0, Љатифи во 86. минута погоди за 5:0, а истиот фудбалер во судиското продолжение зголеми и на 6:0. Шкендија со оваа победа повторно дојде на еден бод зад лидерот Вардар.















