Без поголеми проблеми, фудбалерите на Шкендија остварија висока предност од 3:0 во првото полувреме на натпреварот со Шкупи во новото 27. коло од ПМФЛ. Во Тетово, Мелиќи постигна два гола во 13. и 20. минута, додека со погодокот на Бесарт Ибраими во 42. минута Шкендија веќе направи и убедлива предност.
Во Струга, по првите 45 минути резултатот е 1:1. Домашните среќно поведоа со автоголот на Тасев во 21. минута, додека со голот на Рамадани во 26. минута екипата на Тиквеш успеа да се врати во егал.















