Ристо Николов објави дека ја завршува одбојкарската кариера

67
фото: Risto Nikolov (FB)

Некогашниот македонски одбојкарски репрезентативец Ристо Николов објави заминување во пензија. По уште една одлична сезона во швајцарскиот шампионат каде со екипата на Нафелс стана вицешампион, Николов со објава на социјалните мрежи потврди дека го одигра последниот одбојкарски натпревар во својата кариера.

„Една луда кариера полна подеми и падови. Можеше ли подобро – можеше. Можеше ли полошо – и те како. На крајот се си дојде на своето место. Најголема благодарност до моите родители кои ми беа најголема поддршка низ сито и решето, на сестра ми и сопругата кои ме истрпеа низ се и сешто , на моите другари бабаларите, пријателите, роднините и сите навивачи и поддржувачи кои ме бодреа во најголемите успеси и најтешки моменти. Огромна благодарност до одбојкарскиот ни татко Кирил Ричлиев, татко на сите деца што не порасна низ одбојкарските домови и патишта. Сите соиграчи, тренери, доктори, стручни штабови со кои поминавме прекрасни и луди времиња, ви благодарам на  сите и се гледаме во други изданија“, напиша Николов.

35-годишниот Николов оваа сезона со Нафелс повторно стигна до финалето на плеј-офот во Швајцарија но во три натпревари беше поразен од екипата на Амрисвил која ја освои титулата.

ПретходноБруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед
СледноЈанис: Не знам дали го одиграв последниот натпревар за Милвоки