Фудбалер на Струга ТЛ падна на теренот, па беше префрлен во болница (ВИДЕО)

341

Сенегалецот Папе Фал со амбулантно возило итно беше префрлен во болница, откако падна како покосен на денешниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Тиквеш во ПМФЛ. Само што влезе во игра, Фал по еден дуел со противнички играч падна на земја и незгодно ја удри главата. Во еден момент остана во бесознание, а играчите реагираа веднаш, по што на терене влезе и лекарскиот тим.

Папе Фал стана и продолжи да игра, но потоа се пожали на вртоглавица и падна на земја. Веднаш влезе амбулантното возило на терен и го префрли играчот во болница. Нејасно е зошто фудбалерот не беше повлечен од игра уште по првиот момент на удар и како тој продолжи да игра.

 

ПретходноЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал
СледноПМФЛ: Шкендија рутински, Тиквеш изненади на гостувањето во Струга (ВИДЕО)