Тимот на Тиквеш на најдобар можен начин одговори на мини резултатската криза во нејзиниот табор. Истата беше предизвикана од високиот и убедлив пораз на домашен терен од Силекс во минатото коло со 0:3.
Токму затоа денеска Тиквеш дијаметрално спротивно од тоа, победи на гостувањето кај Струга Трим Лум со 1:2, и потврди дека оној пораз во Кавадарци беше само еден лош ден.
„Тежок меч. Тоа можеше да го увиди секој. Силекс е една од посилните екипи во нашата лига. Има сериозен ростер, квалитетни играчи. Што се однесува до нас. Задоволен сум, среќен сум што ете, денеска покажавме дека можеме бргу да се вратиме од таков пораз. Покажавме карактер, екипата покажа карактер, ментална сила. Овој резултат е одговор на она што го прикажавме претходниот период. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме така, дека екипата ќе биде уште постабилна и дека резултатите ќе дојдат сами по себе“ – изјави за Спортспорт, тренерот на Тиквеш, искусниот Борче Христов, човекот кој што пролетва едноставно го препороди тимот од Кавадарци.















