Босанците најавуваат спектакл од 30.000 гледачи на „Кошево“

94

Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе го одигра пријателскиот дуел против соодветната селекција на Босна, која што пак во тој момент ќе биде во ек на подготовките за Мундијалот во САД, Мексико и Канада каде што е квалификувана.

Дуелот ќе се игра на легендарниот стадион „Кошево“, а медиумите во Босна пренесуваат денеска дека билетите за овој меч ќе бидат пуштени во продажба за десетина дена, а најавени се околу 30.000 билети.

Информациите велат дека истите ќе „пламнат“ во миг затоа што во Босна во моментов владее невидена еуфорија околу националниот тим.

Па така, овој меч ќе биде своевиден спектакл, и најава за одлична атмосфера. Дуелот е закажан како што веќе рековме за 29 мај во 18:00 часот.

 

Претходно„Сениорот“ Габриел Богатинов, потенцијално засилување за Македонија
СледноХристов: Тиквеш денеска покажа карактер и ментална снага