Марио Илиевски со нов гол во ремито на Приштина (ВИДЕО)

79

Марио Илиевски и официјално е најдобар стрелец во моментов во шампионатот на Косово. Екс капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија, денеска стрелаше во ремито на Приштина на домашен терен против тимот на Дукаџини, 1:1.

Гостите изненадувачки реализираа за водство во десеттата минута од мечот, а само шеесетина секунди подоцна, Илиевски израмни на 1:1.

Сепак, и покрај неколкуте ситуации за гол до крајот домаќинот не успеа повторно да реализира и да направи комплетен пресврт.

Со овој гол, Илиевски стигна до 13. гол сезонава со што се израмни на врвот на листата на стрелците со играчит на Џилани, Сенад Јаховиќ инаку екс играчот на Струга Трим Лум.

ПретходноПМФЛ: Шкендија рутински, Тиквеш изненади на гостувањето во Струга (ВИДЕО)
Следно„Сениорот“ Габриел Богатинов, потенцијално засилување за Македонија