Папе Фал заврши во болница, но се чувствува добро

150

Денеска не е денот за тимот на Струга Трим Лум. Прволигашот ајде што загуби непланирано на свој терен од тимот на Тиквеш со 1:2, во рамките од новото 27. коло од домашниот ПМФЛ шампионат, туку имаше и несакана ситуација со својот играч Папе Фал.

Во еден момент сенегалецот беше во продор по левата страна и се удри со Милован Петровиќ по што загуби свест. Глетката беше страшна за момент, и по брзата реакција на лекарскиот тим тој со амбулантно возило беше префрлен во болница.

Од Струга Трим Лум предмалку информираа дека Папе Фал се чувствува добро, и дека нема потешки последиви од сударот на терен.

ПретходноФантастичната Илиќ со ТОП пет одбрана на колото (ВИДЕО)
СледноДориев со нов гол за Согдиана (ВИДЕО)