Јамал се инспирира од Леброн за реваншот со Атлетико Мадрид во ЛШ! (ФОТО)

142
FC Barcelona

Младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, на чуден начин покажа дека верува во можниот пресврт на својот тим против Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ имаат предност од 2-0 пред втората средба меѓу двата тима, која е во вторник во шпанската престолнина.

Јамал ја смени својата профилна слика на Инстаграм во таква на која кошаркарската легенда Леброн Џејмс ужива во трофејот од НБА, кој го освои со Кливленд Кавалирс во 2016 година. Сепак, 18-годишниот талент дефинитивно не ја одбрал оваа фотографија случајно, бидејќи токму тогаш Кралот и неговиот тим станаа шампиони со најимпресивниот пресврт во историјата на финалните плејоф натпревари во американското кошаркарско првенство. Во тоа време, „Кавалирс“ губеа со 1:3 во нивната серија против Голден Стејт Вориорс, но Леброн ги предводеше до триумф по пресвртот до успех од 4:3 – нешто без преседан во целата историја на НБА.

ПретходноВиљареал победнички на „Сан Мамеш“!
СледноЗаврши регуларниот дел во НБА: Јокиќ остана во конкуренција за МВП и испиша историја!