Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Љупче Дориев повторно е стрелец за неговиот тим Согдиана од Узбекистан. Во најновото коло од тамиот шампионат, на гостувањето кај тимот на Квизикум, Дориев имаше голем придонес во победата од 1:3.
Погоди по една голема грешка на потесната домашна одбрана во 29. минута од мечот за 0:1.
Потоа неговиот тим стигна и до повисока предност, а и до конечен триумф.
Ова за Дориев инаку е трет гол сезонава, а додаде и една асистенција. Тој по подолго време повторнос е најде во А репрезентацијата на Македонија на повик на новиот селектор Гоце Седлоски.










