„Игравме лошо, но најважно е што одиме на Европското првенство“

157
Фото: РФМ

Македонската женска ракометна репрезентација за првпат во својата историја успеа да обезбеди трето учество по ред на едно Европско првенство. Нашите ракометарки беа дел од ЕП 2022 година на кое се пласираа како ко-домаќини, тогашното раководство на РФМ се избори да го донесе шампионатот во Скопје, беа дел од ЕП 2024 и синоќа го заверија пласманот на ЕП 2026 година кое ќе се одржи во пет држави.

„Црвено-жолтите“ не блескаа против Словенија, беа поразени, но целта ја остварија.

Ракометарките се свесни дека во Велење одиграа лош меч, но на крајот најважно е дека одат на Европско првенство, што пак е од големо значење на овој спорт.

„Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, најважно е што одиме на Европското првенство и многу сме среќни поради тоа. Се надевам дека ќе можеме да поправиме сè пред тоа. Навистина сум среќен и горд на мојот тим.“, изјави Ивана Гакидова.

Македонија ќе ги дознае ривалите на 16 април, ЕХФ ја закажа ждрепката во градот Катовице.

ПретходноСтруга Т.Л сака да влезе во победничка серија, Тиквеш доаѓа со свои пресметки!
СледноЈакупи: Жалиме за состојбата на Шкупи, Шкендија ќе игра како да е дерби меч