Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и овој понеделник напредуваше на најновата ВТА-ранг листа. Таа се најде на 191 позиција, има 385 бодови.
Ѓорческа стигна до четвртфиналето на о на ВТА 125 турнирот во Мадрид каде беше сопрена од Лиса Пигато од Италија.
Претходно македонската тенисерка настапуваше на челенџер турнирот од серијата 125 кој се одигра во Дубровник каде беше поразена на стартот, ова беше прв меч за Лина после повредата.










