Македонија во последниот шешир пред ждрепката за Европското првенство

168
Фото: РФМ

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција од 3.-20. декември оваа година.

Нашите ракометарки се најдоа во друштвото на 24 екипи кои го заверија своето место на континенталното натпреварување, а своите противници ќе ги дознаат на 16 април во 18 часот во Катовице, Полска.

24 екипи кои се квалификуваа за женското ЕХФ ЕВРО 2026 ќе бидат поделени во шест групи од по четири репрезентации. Македонија противниците ќе ги чека од последниот шешир, што значи дека нема да игра против Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција.

Шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Шешри 4: Хрватска, Србија, Исланд, Северна Македонија, Украина, Грција

Прелиминарната рунда ќе се одржи на шест различни места, а следните тимови веќе се распоредени во групи според прописите.

Унгарија во групата А во Орадеја (Романија)
Романија во групата Б во Клуж-Напока (Романија)
Турција во групата Ц во Анталија (Турција)
Чешка во групата Д во Брно (Чепка)
Полска во групата Е во Катовице (Полска)
Словачка во групата Ф во Братислава (Словачка)

ПретходноЈакупи: Жалиме за состојбата на Шкупи, Шкендија ќе игра како да е дерби меч
СледноЛина Ѓорческа со скок од осум места на ВТА-листата