Женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на уште една континентална завршница. И покрај фактот што синоќа нашите девојки загубија од Словенија со високи и убедливи 27-18, сепак, примарната цел е остварена. Македонија е трета во групата, зад Германија и Словенија, но редоследот на третпласираните ни овозможи да се пласираме на главниот турнир.
Синоќа немавме наш ден, а единствената светла точка во нашиот табор беше голманката Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани, а една од нив се најде меѓу најдобрите петна ова коло од квалификациите.










