Сенегалецот Папе Фал со амбулантно возило итно беше префрлен во болница, откако падна како покосен на денешниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Тиквеш во ПМФЛ. Само што влезе во игра, Фал по еден дуел со противнички играч падна на земја и незгодно ја удри главата. Во еден момент остана во бесознание, а играчите реагираа веднаш, по што на терене влезе и лекарскиот тим.
Папе Фал стана и продолжи да игра, но потоа се пожали на вртоглавица и падна на земја. Веднаш влезе амбулантното возило на терен и го префрли играчот во болница. Нејасно е зошто фудбалерот не беше повлечен од игра уште по првиот момент на удар и како тој продолжи да игра.















