Некогашниот играч на тимот на Нирнберг, Рајнер Виршинг почина на 63. годишна возраст во една од најбизарните случки која може да се сретне. Имено, Виршинг почина во својот град Бад Кисинген откако со неговиот точак удрил во елен. По ударот тој се здобил со тешки повреди на главата, а од истите подоцна и починал.
Случаен минувач многу бргу го пронашол Виршинг на местото на несреќата, и повикал брза помош. И покрај навремената интервенција, сепак, лекарите не успеале да му го спасат животот.
Виршинг има одиграно 72 меча во Бундес лигата, најголем траг остаи во дресот на Нирнберг, а се пензионираше во 2001 година.










