Елион Имери игра за Шведска но е опција за Македонија

270

Како што е вообичаено периодов, откако е востановаена скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македононија, работата што се однесува до играчите од дијаспората е на максимум и секојдневно се појавуваат нови имиња, потенцијални репрезентативци на Македонија.
Едно од нив е Елион Имери, во моментов играчот на шведски Калмар. Момчето кое игра во средниот ред и има напаѓачки афинитети, пред извесно време дебитираше за првиот тим на Калмар иако во моментов сеуште нема ниту 17. години.

Од друга страна Имери веќе активно е дел од репрезентацијата на Шведска до 17. години и забележа настапи против Црна Гора, Грција, Норвешка…

Имери според информациите има потекло од Скопје, а периодов секако дека посакуваме да биде контактиран од страна на скаутинг службата на ФФМ и да дојде до промена на неговиот спортски пасош. На тој начин би можел да заигра за нашиот национален тим.

 

ПретходноВо Белград денеска погребан Душко Вујошевиќ
СледноГолема победа за Арсими, свети “црвено” за Пелистер! (ВИДЕО)