Ираола нема повеќе да биде менаџер на Борнмут

100

Шпанскиот фудбалски стратег Андони Ираола  на крајот од сезоната ќе го напушти тимот на Борнмут. Оваа информација ја пренесе „Атлетик“ со напомена дека тоа е затоа што Ираола веројатно ќе се пресели во некој далеку поголем клуб.

Тој го потпиша актуелниот договор пред две години и има одлични резултати со тимот. Па според тоа, очигледно дека посакува заминување во поголема средина што и веројатно ќе се случи.

Челниците на Борнмут според изворот направиле се за да го задржат, но едноставно тоа во моментов не е можно.

 

ПретходноЕХФ одлучи: Две годишна суспензија за Начевски и Николов, плус парична казна
СледноРеми на Брера и Македонија ЃП