Одложено второто коло од плејофот и плејаутот!

112

Комплетното второ коло од плејофот и плејаутот кое требаше да започне утре, комплетно е одложено и ќе се игра претстојниов викенд.За ова “виновен“ е ТФТ кој направи историски резултат во АБА 2 лигата.

Планот на Кошаркарската федерација беше да се забрза распоредот на одигрување, но сепак успехот на ТФТ не го дозволи тоа.

Веќе во среда ТФТ играат со Сутјеска дома, ова е втор меч од серијата, па затоа со цел максимално да се запази регуларноста, се одлучи ова коло да се игра претстојниот вкенд. Потег кој секако дека е исправен.

Ова го потврди Комесарот, Александар Милојевиќ.

Како што е познато, ова коло е од круцијално значење, ако се знае дека во него се среќаваат ТФТ и МЗТ Скопје, екипи кои се на водечките позиции на табелата и меч кој може да решава за титулата.

Па така подобро е ТФТ – МЗТ Скопје да играат викендов. Тимот од Тафталиџе води со 1:0 во серијата со Сутјеска и има шанса да се избори за финалето во АБА 2. Овој меч се игра во среда.

ПретходноAC Milan Junior Camp доаѓа во Скопје!(ФОТО)
СледноПрвакот е под голем притисок: Алкалоид го пречекува Пелистер во дербито на колото!