Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство објавува дека е генерален спонзор на „Танц Фест 2026″. Оваа година фестивалот ја носи уметноста на повеќе сцени, во два града, Скопје и Битола, во периодот од 18 април до 5 мај 2026 година.
Од своето основање во 2005 година, „Танц Фест” ја гради и афирмира сцената на современиот танц во Македонија. Создаден и уметнички воден од меѓународно реномираната кореографка Рисима Рисимкин, а организиран од Интерарт Културниот Центар, фестивалот претставува прв и најдолговечен интернационален фестивал од ваков вид во земјата.
Свеченото отворање на 22-то издание на „Танц Фест Скопје” ќе се одржи на 18 април 2026 година, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Гала вечерта ќе биде предводена од ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во придружба на врвни уметници и млади таленти. Во рамки на настанот ќе бидат прогласени и победниците на Националниот натпревар „Роксан Стојанов”, награда чиј покровител е претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Од Интерарт Културниот Центар упатуваат искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата и поддршката: „Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија, фестивалот добива дополнителен импулс за развој, овозможувајќи реализација на врвни продукции и поддршка на нови генерации уметници. Се надеваме дека ова партнерство поставува основа за долгорочна соработка, насочена кон одржлив развој и заедничко креирање нови можности во современиот танц.”
Поддршката на културните проекти претставува значаен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Ние како компанија, веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво, вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон одржлив општествен развој.










