Во светот на фудбалот секако дека се најважни се головите. Се победува кога ќе ја затресеш мрежата, без разлика како. Гол си е гол, а може и со рака ако не те “фатат“ судиите и ВАР-от.
Бизарен гол постигнат во неделата вечерта во Парагвај ги остави навивачите во неверица. Во натпреварот од првата лига, водечкиот тим во првенството, Олимпија, гостуваше кај Рубио Ну, а натпреварот конечно беше решен на исклучително необичен начин.
Напаѓачот Себастијан Фереира ѝ донесе водство на Олимпија во 16-тата минута, но неговиот втор гол стана вирален. Десет минути по почетокот на второто полувреме, Олимпија доби пенал по она што изгледаше како судир меѓу двајца дефанзивци од истиот тим. Фереира ја презеде одговорноста, чиј удар го одбрани голманот Франко Фрагеда.
Фунандо Мартинез, играчот од средниот ред, се стрча кон одбиената топка за да ја отстрани, но 31-годишникот успеа да ја упати директно кон Фереира, од кого топката отскокна во мрежата. Додека Фереира, кој го промаши пеналот, тешко можеше да поверува во својата среќа, Мартинез остана да лежи со главата во рацете, а неговите соиграчи се обидуваа да го кренат. Тој гол се покажа како фатален во натпреварот што заврши 2:0 за гостите.
Погледнете. Дали е ова најбизарниот гол на сезоната?
JAJAJA
Y esto qué pasó en el fútbol paraguayo qué fue? pic.twitter.com/4Zxz858ajR
— Joaco ⚪🔴⚪ (@Joacmillo) April 13, 2026










