Како што е вообичаено периодов, откако е востановаена скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македононија, работата што се однесува до играчите од дијаспората е на максимум и секојдневно се појавуваат нови имиња, потенцијални репрезентативци на Македонија.
Едно од нив е Елион Имери, во моментов играчот на шведски Калмар. Момчето кое игра во средниот ред и има напаѓачки афинитети, пред извесно време дебитираше за првиот тим на Калмар иако во моментов сеуште нема ниту 17. години.
Од друга страна Имери веќе активно е дел од репрезентацијата на Шведска до 17. години и забележа настапи против Црна Гора, Грција, Норвешка…
Имери според информациите има потекло од Скопје, а периодов секако дека посакуваме да биде контактиран од страна на скаутинг службата на ФФМ и да дојде до промена на неговиот спортски пасош. На тој начин би можел да заигра за нашиот национален тим.










