Дербито на петтото коло помеѓу Алкалоид и Пелистер заврши со победа на актуелниот првак, кој славеше со 33-35. Битолчани успеаја да се вратат од негатива од осум гола и да дојдат до важни бодови кои ги вратија на второто место на табелата. На другата страна Алкалоид има за што да жали, го имаше мечот во раце, но не успеа да остане константен.
Кузмановски со шест гола беше прв стрелец кај победникот, Митревски имаше 6 одбрани. На другата страна Галевски имаше 9 интервенции, додека Дамјан Митев запиша 7 гола.
Одлично прво полувреме за избраниците на Кирил Лазаров, со две добри серии, на крилата на Иван Галевски, успеаја го „скршат“ Пелистер. Алкалоид имаше негатива од три гоа 8-11 во 17-та минута, но со серија од 4-0 го врати почетното водство од еден гол 12-11 во 21 минута. Подоцна домашниот тим влезе во силен ритам, после голот на Кузмановскиза 15-14 следеа фуриозни минути на Алкалид за 20-14 во 28 минута. Со оваа позитива од шест гола тимот на Лазаров го заврши првото полувреме (22-16).
На стартот на второто полувреме Митев зголеми на плус осум 25-17 во 34. минута. Галевски одбрани еден пенал на Кузмановски. Но, битолчани се разбудија, со серија од 10-3 намалија на 28-27 во 45-та минута. Во меѓувреме Лазаров повик тајм-аут. Галевски со 10-тата одбрана го спречи Кузмановски да израмни, Митев зголеми на 29-27.
Митревски ја запиша четвртата интервенција, а Манасков израмни на 29-29 во 50-та минута. Дамјан Митев со петтиот пенал ја врати минималната предност (30-29). Неизвесноста продолжи, се играше гол за гол. Пелистер во 56. минута после исклучувањето на Маркоски со голот на Хакбарт поведе со 32-34. Костески намали на 33-34, Кизиќ одбрани, но Костески не успеа да го совлада Митревски и да донесе израмнувње на една минута до крајот. На другата страна Атанасијевиќ реализираше за победа.










