Распоред на мечевите од 28.коло во ПМФЛ: Шампионот во петок ќе гостува во Кавадарци!

218
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

До крајот на сезоната 2025/26 треба да се одиграат уште шест кола во ПМФЛ, по кои ќе го дознаеме шампионот на Македонија и кои екипи, покрај Шкупи, ќе се преселат во понизок ранг.

Од петок до недела на програмата се сите шест средби од 28.коло во нашата елитна фудбалска лига.

Дербито се игра во Кавадарци каде во петок од 15 часот, Тиквеш ќе ја пречека Шкендија. Вардар игра со Шкупи и тоа во сабота на ФФМ од 13 часот, а истиот ден во Битола се игра мечот меѓу Пелистер и Македонија ЃП од 15 часот.

Во продолжение можете да го видите целиот распоред на термините и сатниците на натпреварите од 28.коло:

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО

17.04.2026 (петок)

Силекс – Брера (13:00 Ч)

Тиквеш – Шкендија (15:00 Ч)

18.04.2026 (сабота)

Шкупи – Вардар (13:00 Ч)

Пелистер – Македонија ЃП (15:00 ч)

19.04.2026 (недела)

Работнички – Арсими (13:00 Ч)

Башкими – Струга ТЛ (15:00 Ч)

ПретходноСе огласи и Лапорта: “Ова што се случи во Мадрид е неприфатливо, ќе поднесеме жалба!“
СледноМадрид со видео го потврди учеството на Ѓоковиќ!(ВИДЕО)