Скопје е подготвено за мундијалскиот училишен спектакл!

157

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа официјална прес-конференција по повод Светското превенство во ракомет за ученици – ИФС Скопје кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град. Овој голем спортски настан е во огранизација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за Спорт.

„Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца. Голем предизвик, 23 селекции треба да допатуваат во Скопје во машка и женска селекција“,  изјави Александар Стефанов, претседателот на Ракометната федерација на Македонија.

Престедателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска вели дека настанот е повеќе од спорт.

„Во пресрет сме на долго очекувано Светското првенство кое ќе се организира во Скопје од 20 до 29 април, отварањето е закажано за 21 април на плоштадот Македонија, ќе учествуват 700 учесници, ракометари и ракоматарки, да ги поддржиме сите. На отварањето најавуваме дефиле. Ова е во интерес на град Скопје, размена на култури и вредности, сите ќе си заминат со нови пријателства.

Благодарност до министерот за спорт Борко Ристовски за безрезервната поддршка, и до РФМ за техничката поддршка за да ракометарите и ркометарките блеснат во најдобро светло. Би сакала да освоиме медал. Благодарност и до престедателот на ИФС Жељко Танасковиќ што ни ја довери оваа организација.

Децата треба веруват дека се на вистински пат во она што работат, дека се амбасадори на спортот“, изјави Мицковска. 

Легендарната ракометарка Индира Кастратовиќ е шеф на делегацијата на Македонија, таа посакува нашите две репрезентации да се покажат во вистинско светло.

„Голема благодарност што ќе бидам од ваков голем настан, за мене е голема чест, но и голема одговорност за што подобро да претставиме нашата држава. Скопје ќе биде град на спортот, сите деца ќе имааат нови пријателства и ќе добијат големо искуство. Се надевам дека ќе имаме голем успех, дека нашите репрезентации ќе се покажат во добро светло“, изјави Индира Кастратовиќ. 

ПретходноДали новиот тренер ја откри тактиката на Вардар за следната сезона?
СледноРК Вардар е посилен за Мохаб Абделхак