Вечерва во Минхен се игра реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите во кое се среќаваат екипите на Баерн и Реал Мадрид.
Првиот дуел во Мадрид заврши со победа на Баварците од 1:2, но далеку од тоа дека се е готово во овој двомеч. Напротив, екипите и тоа како се подготвуваат за нова војна, како и навивачите.
Домашните пак, приредија „топол“ пречек на гостинската екипа со огномет пред хотелот каде што престојува Реал Мадрид, и тоа на сред ноќ.
Ова е типична метода за добро организираните навивачки групи, кои што се подготвени за својот тим да направат се.
Баерн има огромни амбиции сезонава да освојува титули, а ваква шанса Баварците во Лигата на Шампионите тешко пропуштале во минатото.
😯🧨 PETARDOS EN EL HOTEL DEL REAL MADRID.
😳 Fuegos artificiales de madrugada y la seguridad del club busca a los responsables.
📹 MOMENTO CAPTADO por @elchiringuitotv. pic.twitter.com/kffkkwIdcm
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 14, 2026










