Екипата на Е.Пелистер предмалку го престави искусниот словенечки интернационалец Миха Котар како следно големо засилување за следната сезона.
Битолчани како што е тоа пракса во ракометниот свет, се подготвуваат за следната сезона уште одсега, а Котар е дел од мозаикот што се склопува за нова успешна година.
Е. Пелистер потпиша двегодишен договор со средениот бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан.










