Најавите се остварија. Она што се најавуваше со денови, од попладнево е и официјално. Жофри Ловерњ е нов кошаркар на Партизан, објави клубот.
„По речиси 12 години, поранешниот капитен на црно-белите се врати во својот дом! Во јуни 2014 година, Џофри Ловерњ, напуштајќи го Партизан, вети дека нашите патишта повторно ќе се сретнат. Денес, искусниот центар, роден на 30 септември 1991 година, потпиша договор со црно-белите и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Пењароја“, објави Партизан.
По заминувањето од Партизан, Ловерњ имаше богата кариера, а играше за Химки, Денвер Нагетс, Оклахома, Сан Антонио, Чикаго, Фенербахче, Жалгрис, АСВЕЛ и Кувајт.
Во тековната сезона, тој ќе го носи дресот со број 77.










