ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Борче Христов (Тиквеш)

74

Немавме никакви дилеми за тоа кого ќе прогласиме за тренер на ова 27.коло. Секако дека тоа е стратегот на Тиквеш, Борче Христов. Јасно е дека да се победи Струга ТЛ, еден од ТОП-3 тима, и тоа на нејзин терен, е голема работа. Ете, тоа им успеа на кавадарчни кои под „тренерската палка“ на искусниот Христов буквално се хит во пролетниот дел, посебно кога играат на гости. Тиквеш е вистинско освежување во ПМФЛ оваа пролет, во буквална смисла на зборот.

Јасно е дека за тоа големи, огромни заслуги има токму Борче Христов.

И не само поради победата во Струга, туку и поради начинот на која таа беше извојувана. Тиквеш одигра тактички одлично, знаеше што сака и знаеше како да дојде до тоа што го сака. Со оваа победа Тиквеш и дефинитивно ја откажа Струга ТЛ од битката за титулата.

ПретходноМадрид со видео го потврди учеството на Ѓоковиќ!(ВИДЕО)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 27.КОЛО: Сила покажа СИЛА во Струга