Атлетико Мадрид се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со вкупен резултат 3:2 во четвртфиналето. По завршување на вториот меч ја прослави вкупната победа со низа провокативни објави на социјалните мрежи. Мадридскиот тим ја искористи можноста за креативни напади на сметка на каталонскиот ривал.
Сè започна со објавување на мем со натпис „Јас токму сега“, по што споделија кратки пораки „добро“ и „како си“ со своите повеќе од 5,1 милиони следбеници на социјалната мрежа X.
Најмногу реакции предизвика објавата упатена кон младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал. Пред натпреварот, тој објави фотографија од себе со слушалки и очила, имитирајќи ја познатата поза на Леброн Џејмс со која го најави пресвртот во Мадрид. Како одговор, Атлетико објави слика од Антоан Гризман, Адемола Лукман, Александар Сорлот и Хулијан Алварез кои позираат идентично.
Мадрид ја продолжи прославата со мем во кој лавот на Барселона се претвора во куче.
На крајот од прославата на социјалните мрежи, Атлетико објави видео од своите играчи како слават со навивачите, придружено со порака што сигурно одекна во Барселона. „Атлетико Мадрид. Повеќе од клуб“, напиша мадридскиот клуб, јасно алудирајќи на познатото мото на Барселона „Més que un club“.
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 14, 2026
Dame un grrr. pic.twitter.com/tErf1Hv6dr
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 14, 2026










