Дали новиот тренер ја откри тактиката на Вардар за следната сезона?

405

Иако актуелната сезона во ПМФЛ шампионатот ниту оддалеку не е готова, и во неа ама апсолутно ништо не е познато, очигледно дека тренерот во најава на ФК Вардар, аргентинецот Кристијан Огре Фабијани веќе на големо се подготвува за новата функција.

Поточно, активниот на социјалните мрежи Фабијани објави тактичка табла, на која што е поставена тактичка поставка 3-4-3 и која што е искоментирана со „подготвени сме“.

За што е подготвен Фабијани, и за што е оваа тактичка поставка, секако дека треба тој самиот да потврди, но едно е сигурно. Дека аргентинецот октако се појави во Скопје, ја „ишпарта пола Македонија“ гледајќи мечеви од ПМФЛ шампионатот и скаутирајќи еден куп екипи. Беше во Струмица, Кавадарци, Битола…

Очигледно дека Фабијани е доста студиозен во работата, и нема намера да остави ништо на случајноста. Веќе е подготвен за она што следува во јуни, а до тогаш ќе биде само нем посматрач на екипата која што се обидува да стигне до шампионската титула во ретко неизвесниот шампионат на Македонија.

 

ПретходноЕвропската конвенција за минибаскет ќе се одржи во Македонија
СледноСкопје е подготвено за мундијалскиот училишен спектакл!