Ракометниот клуб Вардар предмалку објави дека во периодот кој што следува ќе биде посилен за интернационалецот и репрезентативец на Египет, Мохаб Абделхак.
Досегашниот играч на германскиот гигант Кил додаѓа во Скопје како засилување за десната бековска позиција, и е еден од најперспективните египетски ракометари од неговата генерација.
Новиот член на „црвено-црните“ својата кариера ја градеше во силна и препознатлива средина. Првите големи чекори ги направи во Ал Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, каде што продолжи да се развива во едно од најквалитетните европски првенства. Добрата игра во Франција му донесе и трансфер во Кил, клуб кој официјално го претстави како млад египетски репрезентативец и значајно засилување за составот.
;










