Македонија пресилна за Косово

298

Кадетската машка ракометна репрезентација ја забележа и третата победа во групната фаза на Медитеранското првенство што се одржува во словачкиот град Шаморин.

Генерацијата која што ја предводи селекторот Горан Кузманоски денеска лесно и убедливо го совлада Косово со 30-15, во поени со 5-0, а по периоди беше 9-6, 8-5, 13-4.

Конечниот исход на овој дуел воопшто не беше доведен во прашање во ниту еден момент, затоа што реално Македонија во овој момент е поквалитетен противник од Косово.

Македонија сега има 15,5 поени, и утрешниот ден е клучен за нас. Изутрина од 09:00 часот го играме дуелот со Романија, што е пресуден за освојување на третата позиција.

Прв е Египет со 23 поени, Шпанија е втора со 18,5 но и меч помалку, додека Романија е четврта со 10, и исто така со меч помалку.

Натпреварите на овој шампионат се игра во три третини по 15 минути, се добива по еден бод за секоја добиена третина (или по 0,5 ако е реми), и уште два за победа.

ПретходноСити официјално потврди: Бернардо Силва на лето си заминува
СледноДон Флорентино не простува: Тој веќе нема да заигра за Реал Мадрид!