Трет пораз на Македонија У19 на елитниот квалификациски турнир

81

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19. години забележа пораз и на третиот меч од тековниот елитен квалификациски турнир.

Денеска наш противник беше репрезенатцијата на Австрија, а нашите девојки загубија со 0:5.

Првиот гол го примивме во 35. минута од пенал преку Спин, за да во вториот дел противникот покаже дека сепак, е ниво погоре.

Погодија во серија Осл, Хербст, Луегер, и уште една Хербст поставувајќи го конечниот резултат.

Македонија го завршува настапот во Глазгов без бодови и со седумнаесет гола примени на три дуели.

 

ПретходноГолема трагедија: Загина екс голманот на Јувентус и Арсенал, Алекс Манингер
СледноФК Базел објави фотографии од опожарениот стадион, штетата е огромна