ЕП 2026: Во групата Б почнуваме со Швајцарија, завршуваме со Норвешка!

55

Денеска се одржа ждрепката за групата фаза на ЕП во ракомет за жени, кое ќе се одржи во декеври годинава. Познато е дека нашата ракометна селекција се падна во групата Б во Клуж-Напока, а за ривали ги имаме селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија.

Познат е и распоредот во групата, односно “возниот ред“ на нашите ракометарки. Првиот меч го играме на 4.декември против Швајцарија, потоа на 6.декември играме со ко-домаќинот Романија, а последниот меч во грушата Б го играме со Норвешка и тоа на 8.декември. Селекција која е голем фаворит за највисок пласман на ЕП 2026.

Македонија ќе игра во Клуж-Напока во „БТ Арената“ која е со капацитет од околу 10.000 гледачи.

ПретходноФФМ со уникатен подарок за Чеферин – македонски шарпланинец! (ВИДЕО)
СледноШто значи ова: Нико Паз “удри“ по Јамал на социјалните мрежи!(ФОТО)