ЕП 2026: Ракометарките ги дознаа своите противници во групната фаза!

150

Денеска беше извршена ждрепката на групите за ЕП 2026 за жени на кое ќе учествуваат и нашите нјдобри ракометарки. Македонија во групната фаза на ЕП 2026 за жени, се најде во групата Б, каде се и селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија.

На прв поглед станува збор за силна група, која се игра во Клуж – Напока во Романија.

Секако дека нашите ракометарки ова ќе биде силен предизвик. Да потсетиме дека ракометното ЕП за жени ќе се одржи од 3 до 20 декември, а домаќини ќе бидат Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Познато е дека ова ќе биде вкупно деветти настап на женската ракометна селекција на едно Европско првенство или трето низа.

ГРУПА Б

Норвешка

Романија

Швајцарија

МакедонијаNo description available.

ПретходноДон Флорентино не простува: Тој веќе нема да заигра за Реал Мадрид!
СледноОфицијално: Лео Меси си купи клуб од Каталонија!